Германскиот производител за деловен софтвер SAP планира да укине околу 2.250 работни места, што одовара на околу три отсто на неговата работна сила, но планира да отвори речиси ист број на нови работни места во рамки на ширењето на одделни делови на компанијата. SAP вработува околу 75 илјади работници ширум светот.
-Начелно станува збор за продолжување на реакцијата на компанијата на промените на пазарните околности. Кратењето на работните места не се дел од планот за намалување на трошоците, туку пренасочување на фокусот на компанијата, рече Штефан Рајс, директор на кадровската служба.
Германската компанија, според него, оваа година ќе отвори околу 2.200 работни места во подрачјата кои бележат раст како што се клауд работењето, базата на податоци Hana и Concur, производителот на софтвер за управување со трошоци, купен минатата година за 7,3 милијарди долари. SAP започна со реструктуирање на темелното работење поврзано за софтвери за да се уверат големите конрпоративно клиенти дека нивниот софтвер може успешно да ги придвижува клучните апликаци за предвидување на условите на работењето. Производителите на софвети како што е SAP настојуваат да ја подобрат продажбата на софтвери преку интернет и така успешно да и парираат на конкуренцијата базирана исклучиво на клауд сметковоство, како што се Salesforce.com и Workday. Вработените на SAP во Европа можат да користат програма на доброволно заминување.
Во Германија, Франција, Велика Британија и САД компанијата нуди можноста за предвремено заминување во пензија.
Од SAP напоменуваат дека во Европа нема да има присилни отпуштања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.