| четврток, 6 декември 2018 |

„Малезија ерлајнс“ отпушти 6.000 вработени

Раководството соопшти дека „Малезија ерлајнс“ и натаму ќе ги одржува досегашните меѓународни и домашни линии, но дека до 2017 година се откажува од воведување нови летови.

„Малезија ерлајнс“ се најде во ударните вести поради мистериозното исчезнување на нејзиниот авион на линијата Куала Лумпур-Пекинг на 8 март минатата година и по соборувањето на нејзиниот авион над Украина. Во двете катастрофи не преживеа ниту еден патник, а во соработка со Кина и со Австралија, Малезија и натаму трага по остатоците на исчезнатиот авион.

По добивањето на ланскиот негативен рејтинг, по налог на Владата на Малезија, започна преиспитувањето на состојбите во авиокомпанијата, што резултира со отпуштање на 6.000 вработени.

По двете несреќи значајно опадна и бројот на патници што ги превезува „Малезија ерлајнс“. Лани компанијата превезла само еден милион патници, 2,5 пати помалку од годината пред да и се случат катастрофите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top