| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки преживеале вистинска голгота, авионот едвај слетал во Љубљана

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска го играат можеби одлучувачкиот натпревар во Лигата на шампионите во ракомет против Крим на гостински терен.
Сепак, овој натпревар вардарки ќе го паметат по лошото искуство кое го доживеаја при слетувањето на љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“.

– Беше хаос. Авионот почна со слетување и почна да се лула. Во прв момент помисливме дека е само турбуленција бидејќи така изгледаше, ветерот почна да дува сѐ посилно како што се спуштавме. Го видовме градот и пистата, но тогаш авионот се накриви и почна да пропаѓа. Многумина почнаа да врескаат, по што одеднаш се крена нагоре – вели Јованка Радичевиќ.

Црногорската репрезентативка за тоа колку била сериозна ситуацијата вели дека најдобро се опишува со фактот дека стјуардесата била загубена и не реагирала на повиците на патниците.

– Никој не ни се обрати. Стјуардесата занеме, а пилотот се јави 15 минути откако заврши целата сцена и кажа дека сме биле под силен страничен ветер и дека ќе се обиде да дојде до пистата од другата страна. Верувајте, беше ужасно, дури и некои од нас кои немаат страв од летање мислеа дека тоа е крајот. Сите се исплашивме, бевме во очајна состојба. Долго не можев да дојдам на себе – додава Радичевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top