| четврток, 6 декември 2018 |

Деменцијата коси во САД

DYING-DEMENTIAЕден од тројца возрасни Американци умираат со Алцхајмерова болест или некој друг вид деменција. Бројот на смртни случаи од таа болест е зголемен за 68 отсто во изминатите десет години, се вели во податоци на здравствените власти во САД.Засега нема лек ниту третман да се запре или успори дементноста кај старите лица.

Истражувањето покажува дека Алцхајмеровата болест и деменцијата се на второ место како причина за смртни случаи кај лица постари од 65 години, веднаш зад срцевиот удар.

Според тие податоци, бројот на Американци со Алцхајмерова болест ќе се зголеми до 2050 година од сегашните 5,2 на 13,8 милиони. Трошоците за здравствено осигурување и лекување на таа болест до средина на векот ќе достигнат цифра од 1,2 трилиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top