Компанијата КАМ ФУД денес победила на лицитацијата за купување на објектите од поранешната ДЕТСКА БОЛНИЦА за што ќе плати 1 милион и 200 илјади евра. Како што е познато, болницата се продаде за на нејзино место да се изгради луксузен хотел.
Општина Охрид последниот месец се случува засилен инвестициски циклус. Дефинитивно се знае дека ИЛИНДЕН АД ќе го гради проектот ГРАДСКИ ПАЗАР, се подготвува теренот кај ГОРИЦА за градба на Смал Лакшри хотел, по двојно повисока цена од пазарната се продаде парцела под Плаошник, а денес голема компанија како КАМ ФУД купи недвижност каде ќе гради хотел. КАМ ФУД е присутен во Охрид каде во сопственост ги има објектите од некогашен ОТЕКС каде во моментов гради голем трговски центар.
Деновиве почнува со градба и рекреативната патека кај Студенчишта, а наскоро ќе се обелодени и проектот за новата плажа кај Лагадин, во која инвеститорот ќе инвестира околу 2 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.