| четврток, 6 декември 2018 |

Ветрот во Риека лупел фасади (видео)

riekaВетрот и бурата што ги зафати Хрватска и делови од Балканскиот Полуостров создадоа огромни проблеми.
Ветрот во хрватскиот град Риека дувал со брзина од 216 километри на час.
За разорното дејство на ветрот сведочат и фотографиите и видеото како буквално е излупена фасадата од една станбена зграда. Се работи за нова зграда која била вселена пред речиси три месеци. Станарите, како пренесува хрватскиот Нови лист, се жалат на квалитетот на зградата, односно обвинуваат за манипулации на инвеститорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top