| четврток, 6 декември 2018 |

Крим Љубљана без француската врска против Вардар

Шампионот на Словенија, Крим Љубљана, остана без француската врска Пино и Гуджо што ќе ја олесни работата на ракометарките на Вардар на денешниот меч од Лигата на шампионите.

За „црвено-црните“ победата е императив за да останат во игра за пласман во четвртфиналето, а Крим одамна нема шанси да се пласира понатаму.

vardar-krim-7

Пино пред да замине во клубот од Љубљана играше за Вардар и за македонскиот шампион добро е што бекот на француската репрезентација нема да настапи вечерва од 19 часот. Крим и претходно имаше слични проблеми кога беа раскинати договорите со најдобрите ракометарки поради беспарица, но тимот се консолидира и продолжи со настапите.

Новата криза е добредојдена за вардарки, за да ја прекинат црната серија од 4 порази на гостински терен, што е најлоша низа во конкуренција на сите 12 екипи, кои останаа во битка за трофејот во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top