Почина Влада Дивљан, еден од великаните на поранешната југословенска музичка сцена. Роден 1958 година, тој изутрина починал во Виена, Австрија, по долга и тешка болест.
Владимир Дивљан, роден на 10 мај, кон крајот на седумдесеттите беше член на џез ок групата „Мерлин“ односно „Звук улице“. Кон крајот на 1979 Дивљан се запознава со Срџан Шапер и Небојша Крстиќ со кои ја формираа групата „Идоли“. Потоа започна соло кариера на поп-рок сцената, истовремено пишувајќи и филмска музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.