| четврток, 6 декември 2018 |

Нема адвокат кој сака да го брани македонскиoт џихадист на кому му се суди за тероризам

zekiri
Судењето на 18-годишниот Мухамед Закири од Охрид, обвинет за минатогодишниот терористичкиот напад во Анадолија, повторно се одложи поради тоа што адвокатот, одреден по службена должност, се откажа.
-Обвинетиот не е човек, туку животно, со овие зборови адвокатот кој требаше да го брани најпознатиот Македонски џихадист се откажа од должноста. Охриѓанецот Закири со уште двајца џихаидисти е обвинет за убиство на три и ранување на 8 лица во Турција каде и му се суди.

Истото го направиле и бранителите на другите двајца обвинети, кои заедно со Закири лани убија офицер, полицаец и камионџија, а ранија уште 8-мина полицајци, пренесува Канал 5.

– Да се брани некого е света работа и должност. Јас сум имал многу клиенти. Но, ова не сум го видел. Овие обвинети не се луѓе, тие се подолу и од животни, изјавил адвокатот Наил Ѓундуз.

Судењето почна минатиот месец во судот во градот Нигде. За каков профил на терористи станува збор говори и фактот што и денеска од безбедносни причини тие не беа доведени в судница, а беа сослушувани го даваа преку видео конференциска врска од затворот во Анкара каде што се сместени. И тројцата се бранеле со молчење.

Охриѓанецот Закири, заедно со германскиот државјанин со македонско потекло Бенјамин Ху, чиј татко е од Грчец и со Косовецот Чендрим Рамадани лани на 20-ти март отворија оган врз полициски пункт на автопат во Турција, враќајќи се од камп за обука во Сирија.

Дел од турските медиуми објавија дека тие како припадници на Исламската држава планирале од Турција, преку Бугарија да стасаат во Македонија. Кај нив беше пронајдено и поголемо количество оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top