| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележана годишнината од смртта на Милтон Манаки

Годинава се одбележуваат 110 години од донесувањето на првата филмска камера на Балканот и тој чин заслужува почит, нагласи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески на денешниот настан во овој град

manaki_fotografii_odblisku

Здружението на граѓани „Комуна“ на Власите во соработка со Кинотека на Македонија и општина Битола ја одбележаа годишнината од смртта на Милтон Манаки, првиот филмски снимател на Балканот.

Директорката на Кинотека на Македонија, Мими Ѓоргоска­ Илиевска, која денеска престојуваше во Битола, информира дека големото дело на браќата Манаки во април ќе биде прмовирано во Германија, Полска и во Шпанија. ­

– Творештвото на браќата Манаки е заштитено и се чува. Вршиме реставраторски мерки, творештвото е дигитално реставрирано, но и афирмирано надвор од границите на Македонија како што тоа беше направено минатата година во Турција, а годинава во април ќе приредиме две промотивни презентаци, едната во Визбаден, Германија и втората во Полска, а нашиот избор е дигитализираното филмско творештво на браќата Манаки – истакна Ѓоргоска­ Илиевска и најави промотивен настан и во Шпанија.

Годинава се одбележуваат 110 години од донесувањето на првата филмска камера на Балканот и тој чин заслужува почит, нагласи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески на денешниот настан во овој град. ­

– Овој ден е ден за должна почит кон историско име, за историската и револуционерна работа на браќата Манаки. Се потсетуваме на се што е значајно, на традицијата што од тука зрачи во Република Македонија и многу пошироко – рече меѓудругото Талески.

Тој денеска оствари средба и со новоизбраниот директор на ИФФК „Браќа Манаки“ Димитар Николов­ – Таки, од кого беше информиран за концептот на фестивалот во пресрет на најновото издание.

Toj истакна дека најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе добие нови програми за да биде категориризиран, а во соработка со градот ќе се ангажираат професионални кадри кои 365 дена ќе се грижат за да фестивалот има јасен целогодишен концепт и да овозможи идејата за „Битола филмски град“ да биде активна. ­

– Друштвото на филмски професионалци ме избра да продолжам да го афирмирам фестивалот, да го подобрам или задржам реномето на фестивалот што го има 35 години. Ние ќе се обидеме преку неколку нови програми и идеи да го промовираме делот од историјата на браќата Манаки кој што досега не е доволно обработен, ќе имаме посебна веб-­страница на македонски и англиски јазик која ќе биде одржувана 365 дена, а ќе направиме се, браќата Манаки како творци да ги претставиме на фестивалот во Кан, како пионери на филмската дејност во Македонија и на Балканот – нагласи првиот човек на ИФФК „Браќа Манаки“­Битола, Димитар Николов­ -Таки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top