| четврток, 6 декември 2018 |

Трудниците сами ќе одлучуваат дали да се породат со царски рез

Жените сами ќе одлучуваат дали сакаат породување со царски рез, откако од Министерството за здравство се премислија и го преправија Правилникот донесен пред Нова година.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, вели дека не важи веќе одредбата во упатството донесено пред Нова година со која гинеколозите беа ограничени оваа интервенција да ја прават само ако има медицински индикации.

Поради притисокот на јавноста, Министерството за здравство пред три недели го коригирало правилникот.

Тодоров рече дека е сменето упатството и дека жената ќе може да одлучи дали да се породи со царски рез, а гинекологот е должен да ѝ ги предочи предностите и маните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top