Членовите НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје до крајот на месецов треба да добијат годишни извештаи за својата пензиска заштеда, но и за инвестициското портфолио на друштвото. Доколку тие имаат промени на личните податоци, треба да ги достават до друштвата за навреме да ги добијат извештаите, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
– Пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат, еднаш годишно доставуваат извештај (зелен плик) за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио. Сите членови кои го немаат добиено зелениот плик и имаат промена во своите лични податоци потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва – се вели во соопштението.
За ажурирање или коригирање на своите податоци, се додава во него, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат – Барање за ажурирање или корекција на лични податоци во седишата на пензиските друштва или нивните веб страници.
Членовите кои имаат дополнителни прашања може да се обратат до Агенција за cупервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на телефонскиот контакт 02/3224-229 или да ја посетат веб страницата www.mapas.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира