Бошко Сиљаноски, директорот на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ заедно со своите две ќерки и претседателот на КУД „Филиграни“ Илче Ѓорески ја демантираа информацијата која вечерва ја објави „Сител“ телевизија, а во која се тврдеше дека директорот на училиштето е фотографиран како се забавува во џакузи со ученички од ова училиште, пренесе Охрид1.

– На фотографијата се децата на овде присутните пријатели и моите две ќерки – рече Бошко Сиљаноски и додаде дека тој и неговото семејство денес се нашле на удар на една предизборна валкана игра. На прес конференцијата беше присутна и Верица Ѓореска која била автор на фотографијата.
– На фотографијата се моите деца. Јас ги сликав. Заедно бевме таму во базените и се фотографиравме. Телевизиајта нека ги отстрани прекривките од лицата на децата и ќе видат дека на фотографијата, меѓу останатите се и моите деца и децата на Бошко. Ние редовно одиме во Банско и имаме стотици заеднички фотографии само не ми е јасно како некој бездушник сега се одлучил ова да го прави, да врши ваква злоупотреба – вели Верица.
Илче Ѓорески рече дека против телевизијата која ја емитувала веста ќе преземат правни мерки и ќе бараат кривична одговорност за претпрениот стрес од манипуалциајта која ја направила со јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


