Испраќањето војници на НАТО во Украина во моментот не е на дневен ред, изјави за финската телевизија МТВ3 генералниот секретар на организацијата, Јенс Столтенберг, кој од вчера се наоѓа во дводневна посета на Финска, јави ТАСС.
– Испраќањето војници на НАТО во Украина не е на дневен ред. Ние ѝ нудиме на Украина сериозна политичка и практична помош. Го поддржуваме нејзиниот суверенитет и мировен процес, исполнувањето на договорот од Минск, како и помош во реформирањето и модернизирањето на украинските вооружени сили со цел зголемување на одбранбената способност на земјата – изјави Столтенберг.
Секоја земја-членка на алијансата сама треба да реши дали ќе ѝ достави оружје на Украина, истакна тој.
– Украина има право да се брани. Но, за доставата на оружје треба да реши секоја од земјите-членки – истакна генералниот секретар на НАТО.
Ситуацијата со примирјето во Украина е „многу кревка“, но како целина режимот за прекин на огнот се почитува, констатира Столтенберг, додавајќи дека треба да се направи сѐ, за што постои капацитет, за да се дојде до мирно, политичко решение на конфликтот и основа за трајно примирје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа