Бафетимби Гомис повторно колабираше на теренот, а проблемите со срцевата мана кај францускиот напаѓач, за среќа, и овојпат не беа фатални иако целата ситуација ја замолкна публиката на „Вајт харт лејн“ во Лондон. Гомис наеднаш падна на тревникот на Тотенхем и остана без здив, а благодарение на брзата интервенција на медицинската екипа беше спасен од најлошото. Тој во еден момент се разбуди и даде знак дека сѐ е во ред.
Гомис беше пренесен во болница, а според информациите напаѓачот на Свонси е во стабилна состојба. Уште како играч на Лион, Гомис неколкупати колабираше за време на тренинзите, по што дури беше и пред забрана за играње фудбал поради срцева мана која му беше дијагностицирана. Сепак, Бафетемби постојано добиваше дозвола да игра и да ја продолжи фудбалската кариера.
Victime d’un malaise Bafétimbi Gomis s’écroule… by Sport-Buzz
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




