Билјана Беличанец-Алексиќ, кандидатката за градоначалник на Кисела Вода на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред жителите на оваа скопската општина ја презентираше својата програма, која содржи вкупно 41 проект.
– Развој на идустриската зона, проширување на булеварот „Борис Трајковски“, детален урбанистички план на булеварот „Борис Трајковски“, атмосферска и фекална канализација, создавање нови работни места, реконструкција на спортската сала „Расадник“, изградба на репрезентативен објект на влезот во Кисела Вода, реконструкција на културниот дом, асфалтирање на улиците, изградба на нови училишта, детски градинки, спортски игралишта, како и обезбедување достоинствен живот на старите лица. По 24 март, секој ден, секој час ќе значи ново будење на Кисела Вода. Знам што значи секој на своето, знам што ни недостига, сакам поубав и среден дом, сакам убави средни училишта, сакам средена општина, средени улици, пред сѐ чиста вода за пиење затоа што името на нашата ошштина е Кисела Вода – истакна Беличанец-Алексиќ.

Таа истакна дека сето тоа е е предвидено во новата програма.
– Сакаме повеќе, можеме повеќе. Нема да заборавиме дека сме избрани од нашите граѓани, деноноќно ќе работиме за нив, но пред сѐ ќе работиме домаќински – рече Беличанец-Алексиќ на вечерашниот митинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


