Руската телевизија РЕН ТВ објави дека истражните органи дошле до снимки на кои се гледаат двајца осомничени за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, кој е убиен ноќта меѓу петокот и саботата во Москва.
Истражните органи добиле неколку слики на кои се гледаат две лица, а според изворот, „најверојатно се работи за лица со потекло од јужниот дел на Русија“, пренесе Спутник.
РЕН ТВ претходно јави дека истражните органи го пронашле автомобилот на убијците на Немцов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.