Но, науката се обиде да истражи како тоа изгледа “совршениот” маж и дошла до заклучок дека такво нешто не е воопшто тешко да се постигне.
Кога една врска ќе пропадне, секој од партнерите секогаш ќе го обвини оној другиот за разделбата. Но, кога мажот во една врска би бил идеален, според научните истражувања, тој би изгледал токму вака…
Тој е брадест
Науката утврдила дека брадата е една од најпривлечните нешта кај мажите. Влакната на останатите делови на неговото тело и не се премногу потребни, така што бричењето на сè останато, освен брадата, е секако дозволено, се разбира ако такво нешто сакате да практикувате. Научниците утврдиле дека токму брадестите мажи се подобри татковци и поголеми заштитници. Тие исто така наведуваат дека брадата е поврзана и со плодноста и мажественоста не еден маж.
Ако е низок, не значи дека не е згоден!
Целата приказна околу високиот, црн и згоден маж е дефинитивно тотално преценета. Жените често ги одбиваат токму ваквите мажи и бараат утеха кај другите “помалку” згодни мажи. Убавите мажи се повеќе за флерт и секс за една вечер, но оние помалку згодните, но шармантни и сосема спонтани, се најчесто избор кој девојките сакаат да го задржат. Една студија спроведена во Њујорк покажала дека колку што е мажот понизок, толку е тој и подобар во кревет!
Не е многу привлечен?
Бројни студии покажале дека врските траат подолго ако мажот е помалку привлечен од жената. Причината е тоа што мажите се поповршни за разлика од жените и почесто кај партнерките бараат физички да ги задоволи нивните “апетити”. И не само тоа, згодните мажи имаат и сперма со полош квалитет, како што објаснува една студија објавена во американскиот магазин “Дневник на еволутивната биологија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.