| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Украина има платено гас само за уште два дена

Украина има снабдување со гас само уште два дена за кои платила однапред, но Киев за тоа прашање не презема никакви мерки, наведе денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на државата на седница на Владата побарал од премиерот Дмитриј Медведев заедно со Газпром да го имаат тоа предвид, бидејќи „никому не му се потребни конфликти како претходните години“. ­

-Подготвени сме да ги исполниме сите договорни обврски, но само во рамки на аванс, нагласил Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top