Полицијата по извршениот увид го откри идентитетот на женскиот труп кој вчера беше изваден од водите на Вардар. Станува збор за 84-годишната Ленка П. која на 16. минатиот месец во вечерните часови била пријавена за исчезната.
Скопјанецот С.С.(58) пријавил дека истиот ден таа се оддалечила од дома во непознат правец. Нејзиното безживотно тело во фаза на распаѓање вчера беше пронајдено во водите на Вардар кај селото Студеничани.
Причината за смртта на Ленка ќе биде позната по завршување на обдукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.