| четврток, 6 декември 2018 |

Плоштадот Којник ќе добие нов изглед, најави Чадиев

Плоштадот Којник е едно од знаменитостите на Велес и тој заслужува да има современ и препознатлив лик. Затоа општина Велес  неодамна почна со реконструкција на плоштадот која ја опфаќа целокупната површина. По завршувањето на градежните работи ќе бидат поставени и стандардни типски тезги, клупи, ново осветлување а просторот ќе биде и соодветно-партерно уреден.

славчо чадиев

Ова го најави Славчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на Велес од владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ.

– Нашата визија е Општина Велес да биде место за живеење со правилен урбанистички развој и облагороден простор за вршење на се­којдневните активности на граѓаните. Во  програмата е предвидено до крајот на 2013 целосно да заврши овој проект и плоштадот Којник да го добие конечен изглед. Средствата од 2.000.000 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес – додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top