| четврток, 6 декември 2018 |

Нов парк во населбата Јане Сандански

паркот ќе содржи две езерца со водопади, четири фонтани за пиење вода, како и две фонтани со гејзери кои ќе бидат идентични со подводни рефлектори, а во средината ќе имаат скулптура изработена од мермер

Ивица Коневски, актуелниот и кандидат за градоначалник на скопската општина Аеродром најави дека ќе се гради уште еден парк покрај булеварот „Јане Сандански“, спроти постојниот парк што го носи истото име. Со ова граѓаните ќе добијат ново зелено катче за рекреација и место на кое ќе можат да се разладуваат во топлите денови. Станува збор за хортикултурно и партерно уредување на аголот каде што се вкрстуваат булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“ каде што ќе се изгради нов зелен парк со вкупна површина од околу 10.000 квадратни метри.

konevski

– Покрај зелените површини и пешачките патеки од бехатон плочки, паркот ќе содржи и детско игралиште, како и езерца со водопади, фонтани за пиење вода, клупи, канти за отпадоци, канделабри, а ќе се насадат и разни видови високо и ниско стеблести растенија.На детското игралиште кое ќе има содржини за забава на најмладите, ќе се постави под изработен од плочи од гума – изјави Коневски.

Исто така, паркот ќе содржи две езерца со водопади, четири фонтани за пиење вода, како и две фонтани со гејзери кои ќе бидат идентични со подводни рефлектори, а во средината ќе имаат скулптура изработена од мермер.
За водоснабдување на фонтаните и езерцата предвидени се два артериски бунари од кои ќе се црпи вода, со што ќе се штеди чистата вода за пиење.
Општина Аеродром само последниве 4 години има изградено повеќе од 70.000 парковско зеленило, а тој тренд ќе продолжи и понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top