| четврток, 6 декември 2018 |

Металург си испазари уште еден ракометар од Србија

Бекот на Врбас, Јања Војводиќ, е четвртото засилување на Металург во кус рок, а потврда за ангажманот на 20-годишниот ракометар стаса од официјалниот сајт на клубот.

Војводиќ игра на позиција среден беки го сметаат за еден од најперспективните млади ракометари во Србија, а РК Металург истакнува дека неговиот ангажман е во согласност со новиот концепт што го промовираат.

metalurg-20

Договорот меѓу Металург и Војводиќ е со важност до крајот на тековната сезона, со можност соработката да продолжи. Идентични договори во финишот на минатиот месец потпишаа уште тројца интернационалци, Голубовиќ, Вргоч и Ефендиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top