| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни факти за изневерувањето

1287-750x400

Неверството може да ја уништи врската за момент, како и да остави длабоки лузни кај партнерот.

Еве неколку интересни факти за изневерувањето, добиени од различни студии.

1. Мажите се впуштаат во неверство поради сексуалното задоволство, а жените бараат емоционална сигурност.

2. Речиси 60% од љубовните афери почнуваат на работното место.

3. Русокосите изневеруваат најмногу. На второ место се црвенокосите, а најверни се бринетите, од кои изневеруваат само 11% , потврдува студијата на „CheaterVille.com“.

4. Жените сметаат дека мажите со подлабок глас се по склони кон неверство, од оние со повисок глас.

5. Неверството не е водечка причина за развод, на прво место се финансиите. Неверството не секогаш докажува дека луѓето не се среќни со својот брак.

6. Речиси 56% од мажите кои ја изневеруваат партнерката, тврдат дека се среќни во бракот, додека кај жените на исто мислење се 34%.

чудни-причини-за-развод

7. Половина од браковите опстануваат по изневерувањето.

8. Мажите изневеруваат почесто од жените, но во последните 20 години се повеќе жени се впуштаат во неверство.

9. Експертите тврдат дека женските изневерувања се должат на финансиската независност.

10. Само 12% од мажите тврдат дека љубовницата им е попривлечна од сопругата.

11. Речиси 68% од мажите имаат грижа на совеста поради неверството.

12. Ризикот од неверство е пет пати поголем, ако мажот заработува помалку од жената.

13. Најмногу изневеруваат мажите кои се занимаваат со финансии, а од жените оние во областа на образованието.

14. Речиси 9% од мажите и 14%  од жените, изневеруваат за да се одмаздат за неверството на партнерот.

6159_300814195614785_620x413

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top