| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во турскиот авион што излета од пистата на аеродромот во Катманду

туркиш

Четворица патници од авионот на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ се повредени откако денеска авионот излета од пистата на меѓународниот аеродром во Катманду, пренесе ДПА, повикувајќи се на непалските власти.

Авионот на турскиот национален авиопревозник,  со 238 патници, летал од Истанбул.

Авионот слетал при вториот обид за приземјување заради присуството на густа магла во регионот околу аеродромот. При приземјувањето авионот излетал од пистата и стигнал до тревната површина, каде му пукнала гумата на едно од тркалата.

Непалската цивилна авијација ги откажа сите меѓународни летови до 17.30 часот, изјави службеник на воздухопловните власти.

-Откажани се 40 меѓународни летови – додаде службеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top