| четврток, 6 декември 2018 |

Над 30 лица загинаа во експлозија на рудник во Украина

Повеќе од 30 лица загинаа во експлозија во рудникот Засјадко во Донецк, соопшти шефот на безбедносните служби на рудникот Владимир Цимбаљенко. ­

– Можеме да кажеме дека загинаа повеќе од 30 рудари . Спасувачките екипи сè уште не пристигнале до местото на експлозијата, се обидуваат прво да го неутрализираат отровниот гас, а потоа ќе се спуштат во јамата – истакна Цимбаљенко.

Претходно од Министерството за итни работи на самопрогласената Донецка народна република изјавија дека експлозијата се случила ноќта меѓу понеделникот и вторникот. ­

– Се сомневаме дека до експлозијата дошло поради мешање на гас и на воздух. Во моментот на експлозијата 47 работници биле во рудникот, а 33 во делот каде што се случила несреќата – се наведува во соопштението. Властите немаат никаква комуникација со рударите, кои се заробени на длабочина од 200 метри.

Во овој рудник за јаглен од 1999 до 2007 година се случиле седум несреќи, а во најголемата, на 18 ноември 2007 година, загинаа 101 рудар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top