Поранешниот македонски репрензетативец Горан Пандев ја искористува секоја шанса на тренерот на Галатасарај Хамза Хамзаоглу во Купот на Турција, натпреварување во кое единствено добива шанса.
Вечерва Пандев беше стрелец на два гола и е еден од најзаслужните за победата над Манисаспор од 4-0 во првиот натпревар од четвртфиналето. Со овој резултат Галата практично е пласирана во следната рунда каде ќе го чека победникот од двомечот меѓу Сиваспор и Кајзериспор.
Нашиот интернационалец беше стрелец на третиот и на четвртиот погодок, со кои Галасатарај речиси и да обезбеди пласман во полуфиналето, иако треба да следи и реванш на стадионот на Манисаспор. Првиот погодок за Галатасарај беше дело на Џемаили, а вториот го постигна Чолак од пенал.
Goran Pandev 3-0 – Galatasaray – Manisaspor 03… by enteritament
Goran Pandev 4-0 – Galatasaray – Manisaspor 03… by enteritament
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



