| четврток, 6 декември 2018 |

Професор од Охрид, соработник и пријател на градоначалникот Петрески, во џакузи со малолетнички

Директорот на охридското средно училиште ЕМУЦ е фотографиран со малолетнички во џакузи, објавија „Сител“ и „Вечер“.

– Тој е близок соработник на охридскиот градоначалник Александар Петрески од СДСМ. На фотографиите се гледа скандалозното однесување на директорот на ЕМУЦ во друштво на неколку млади девојки, како тој ужива во џакузи – јави телевизијата.

Вакви провокативни фотографии не му доликуваат на еден вршител на ваква должност. За родителите на децата што учат во неговото училиште, сигурно ваквото негово однесување не е прифатливо. Тој остава лош пример, недолично се однесува и не покажува почит и грижа кон децата.

Иако медиумите што ги објавија фотографиите, ги цензурираа лицата на другите присутни и потенцираа дека приватноста на останатите учесници на оваа забава целосно ќе биде заштитена, јасно се гледа дека станува збор за млади девојки, можеби ученички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top