| четврток, 6 декември 2018 |

Два гола со глава на Пандев

Македонскиот интернационалец Горан Пандев вечерва постигна два гола за Галатасарај во Купот на Турција. Вечерашниот прв четвртфинален меч против Манисаспор неговиот тим го доби со убедливи 4-0, а двата гола ги Пандев ги постигна со удар со глава.

Со ова Галатасарај речиси сигурно патува во полуфинале, а македонскиот фудбалер стигна до бројката од седум гола за турската екипа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top