Македонска делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски учествува на најголемиот светски собир на инвеститори во туризмот. Во Берлин, денеска и утре, Македонија ги презентира своите природни, инфраструктурни, културни и административни капацитети пред најпознатите светски хотелски брендови.
На 18-тиот форум за хотелски инвестиции присуствуваат и компании кои што годишно имаат приходи од десетици милијарди евра. Денеска на специјална сесија на која беа презентирани условите за инвестирање во Македонија учествуваа заменикот министер за економија Христијан Делев и директорот на Агенцијата за туризам Кристијан Џамбазовски кои што пред организаторите ги претставија можностите за инвестирање и придобивките кои што ги имаат инвеститорите во оваа гранка, јави дописникот на МИА од Берлин.
Пред американски консултанти кои соработуваат со над 50 илјади претставници на компании од областа на туризмот Македонија ги претстави своите услови за инвестиции кои што содржат мерки како низок данок од само 5 проценти данок на приходи од туризам, со субвенциите за странски туристи и за авиокомпании, поддршка при инфраструктурни зафати за потребите на инвеститорите и специјалните туристички развојни зони.
На форумот македонската делегација се сретна со менаџментот на една од водечките светски хотелски компании „Интерконтинентал“ кои што се заинтересирале за можностите кои што ги дава Македонија во областа на туризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Турскиот млазен авион „Хурџет“ претставен на авиосаем во Велика Британија
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)