| четврток, 6 декември 2018 |

Машкоста на Џејмс настрада, напаѓачот Харден ќе одмори еден меч (видео)

lebron

Џејмс Харден е казнет со еден натпревар поради атакот врз Леброн Џејмс на незгодно место. Настрада машкоста на „кралот“ Џејмс, а за очигледната намера Харден заработи релативно кратка суспензија. Во дуел за топка, неочекувано бекот на Хјустон го удри противникот од Кливленд меѓу нозете, но за тоа не заработи ниту техничка грешка.

Дури подоцна, по мечот, челниците на НБА-лигата му изрекоа казна на Харден по прегледувањето на снимката. Натпреварот беше мошне возбудлив и заврши по едно продолжение. Победи Хјустон со 105-103, а Харден и Џејмс блескаа. Леброн постигна 37 поени, а веднаш зад него беше Харден со 33 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top