| четврток, 6 декември 2018 |

„Детектор за лаги“ повторно на репертоарот на охридски театар

Хит претставата „Детектор за лаги“ од Василиј Сигарев, во четврток (5-ти март) повторно e на репертоарот на охридскиот театар во Центарот за култура „Григор Прличев“.Претставата „Детектор на лаги“ е работена по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов.

Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Ова театарско дело е приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top