Министерството за внатрешни работи во рамки на продолжувањето на оперативната акција „Чекан“, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за Р.Б.(39) од Гостивар, вработен како полициски службеник во Одделение за полиција-ПС ОН Гостивар и за Ш.Д.(41) од Гостивар, вработен како командир на ПС ОН Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување по чл. 394 и соизвршителство по чл.22, односно помагање по чл.24, а во врска со кривичните дела изнуда по чл.258 и лихварство по чл.260 од КЗ на РМ, кривични дела што беа извршени од страна на 19 лица за кои во претходната фаза од акцијата „Чекан“ беше поднесена кривична пријава. Повеќе тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



