| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо Љубе заслужува слобода (ВИДЕО)

Продолжува иницијативата за слобода на дедо Љубе. Актерот Тони Михајловски, политичкиот аналитичар Александар Пандов и новинарот Миленко Неделковски уште еднаш денеска изразија поддршка за дедо Љубе и негово ослободување од обвиненијата.

– Доколку некој ви влезе во вашиот двор и ве нападне, слободно убијте го, затоа што ќе најдете адвокат кој ќе ве извади од затвор, но никако нема да најдете адвокат кој ќе ве извади од гробишта – истакна Тони Михајловски цитирајќи познат белградски адвокат.

dedo8

Михајловски се надева на позитивен исход и смета дека крајниот резултат би требало да е негова слобода и доколку е можно промена на Законот за поседување огнено оружје во случај на самоодбрана.

За дедо Љубе вели дека е ведар човек и вистински Македонец, кој, и покрај сите неволји што ги поминал, не ги загубил ведриот дух и добрината во него.

dedo7

Аналитичарот Александар Пандов вели дека сите тројца ќе побараат прием кај претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието и јавниот обвинител за да ги охрабрат да направат сѐ за ослободување на дедо Љубе бидејќи, според него, не постои човек во Македонија што не го дели чувството дека дедо Љубе треба да биде ослободен.

sloboda-za1

Новинарот Миленко Неделковски ги повика сите индивидуални и невладини борци за човекови права да се приклучат кон оваа семакедонска иницијатива за правдина и слобода за дедо Љубе.

dedo6

Во видеото може да се види нивното патешествие до домот на дедо Љубе и е добра можност за малку подобро запознавање со него и со неговиот живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top