| четврток, 6 декември 2018 |

Естра­да­та ни е за ни­ка­де, а сце­на­та ка­та­стро­фа

Ма­ке­дон­ски­те му­зи­ча­ри сѐ по­мал­ку се ре­ша­ва­ат на сни­ма­ње ал­бу­ми, а про­мо­ции на ви­де­ос­по­то­ви или на но­ви пес­ни се пра­ват са­мо на ин­тер­нет.

На­ме­сто си­те при­до­би­вки што до­а­ѓа­ат со но­ва­та тех­но­ло­ги­ја, ин­тер­не­тот и со со­ци­јал­ни­те мре­жи да ја по­до­брат по­лу­таж­на­та со­стој­ба во ко­ја се на­о­ѓа ма­ке­дон­ска­та естра­да, ра­бо­ти­те трг­наа по удол­ни­ца од ко­ја за­се­га не­ма из­лез.

Му­зи­ча­ри­те се жа­лат на иг­но­ри­ра­ње и од ме­ди­у­ми­те и од пуб­ли­ка­та, а тие, пак, об­ви­ну­ва­ат што не до­би­ва­ат по­ве­ќе и по­ква­ли­тет­но.

Кри­за­та удри врз му­зи­ча­ри­те

Ма­ке­дон­ски­те но­ви­на­ри од за­бав­ни­те ру­бри­ки до­бро се се­ќа­ва­ат на со­стој­ба­та од пред са­мо не­ко­ја го­ди­на ко­га не по­ми­ну­ва­ше ни ед­на не­де­ла да не се слу­чи не­што но­во од не­кој му­зич­ки штаб. Кол­ку и да бе­ше те­шко во тоа вре­ме, се­кој ин­си­сти­ра­ше на ви­де­ос­пот. Ал­бу­ми­те, пак, кол­ку-тол­ку беа до­бро при­фа­те­ни и слу­ша­ни од пуб­ли­ка­та, а пес­ни­те пу­шта­ни по ди­ско­те­ки­те низ зем­ја­ва.

Де­нес ре­тко кој се од­лу­чу­ва на про­мо­ци­ја на сво­е­то де­ло, а на сни­ма­ње ал­бум уште по­мал­ку. Ви­де­ос­по­то­ви има, но се пла­си­ра­ат са­мо на „Јут­јуб“.

Со­стој­ба­та на на­ша­та естра­да е очај­на. Не­кој ќе ка­же де­ка сме мал па­зар. Па, пред пет или де­сет го­ди­ни не бев­ме мал па­зар? И то­гаш бев­ме, а, се­пак, на­ши­те му­зич­ки ѕвез­ди „вр­теа“ па­ри, пе­е­ја од сре­да до не­де­ла, за­ра­бо­ту­ваа двој­но по­ве­ќе од се­га. Де­не­ска нив­на­та це­на за на­ста­пи е пре­по­ло­ве­на, ме­ѓу­тоа, пак, ба­ди­ја­ла – ве­ли Ва­ско Спа­со­ски од „Те­ле­граф“.

Со­стој­ба­та е ва­ква со го­ди­ни и сѐ ми се чи­ни де­ка ни­кој ни­што не пра­ви, си­те не­што се жа­лат, ку­ка­ат, а не мр­да­ат со прст – сме­та Але­ксан­дра Тим­ков­ска, за­ме­нич­ка на глав­ни­от и од­го­во­рен уред­ник во „Ве­чер“.

Еко­ном­ска­та кри­за ги по­го­ди си­те, па и на­ши­те естрад­ни умет­ни­ци и пе­ја­чи. Пад­наа це­ни­те за на­ста­пи, а и по­пу­лар­но­ста ко­ја ја имаа пе­ја­чи­те во го­ле­ма ме­ра е опад­на­та. Ни­ту еден наш пе­јач не мо­же да прив­ле­че обо­жа­ва­те­ли за да на­пол­ни ед­на кон­церт­на са­ла, што не е слу­чај со пе­ја­чи­те штодо­а­ѓа­ат од со­седс­тво­то и ги пол­нат спорт­ски­те са­ли. Во ед­на та­ква си­ту­а­ци­ја си­те пе­ја­чи ре­ши­ја да игра­ат на си­гур­но. Учес­тву­ва­ат на фе­сти­ва­ли,ка­де што има­ат шан­си да се бо­рат за вред­ни на­гра­ди и зна­ат де­ка на тие фе­сти­ва­ли ќе мо­жат да ги ви­дат и чу­јат – ве­ли Але­ксан­дар На­ков, шеф на про­дук­ци­ја во „Ко­лор ме­ди­ја“ и естра­ден ана­ли­ти­чар.

Про­мо­ци­и­те се бро­јат на пр­сти

Ре­тки се по­ви­ци­те за про­мо­ци­ја. На ни­ко­го ве­ќе не му се исп­ла­ти да по­ка­ни ме­ди­у­ми и друш­тво пред кои ќе ка­же што сра­бо­тил.

Мно­гу е ед­но­ста­вен од­го­во­рот на ова пра­ша­ње. Не­ма па­ри – тоа е глав­на­та при­чи­на. Ед­но­став­но, на ма­ке­дон­ска­та естра­да ве­ќе не­ма па­ри. Из­да­ва­ње­то ал­бу­ми за­ви­си од тоа да­ли не­кој спон­зор ќе го од­вр­зе ќе­се­то да ги фи­нан­си­ра на­ши­те из­ве­ду­ва­чи. Тоа е жал­но спо­ред ме­не, но и нив ги раз­би­рам. Зо­што да вло­жу­ва­ат па­ри ко­га зна­ат де­ка,освен не­ко­ја нас­лов­на стра­ни­ца, не­кол­ку тек­сто­ви напор­та­ли­те, ед­но до две го­сту­ва­ња воте­ле­ви­зи­и­те,не­ма да до­би­јат ни­што по­ве­ќе. За не­ко­ја до­бра фи­нан­си­ска за­ра­бо­тка мо­жат са­мо да со­ну­ва­ат, за жал – сме­та Спа­со­ски.

Мо­же­би е по­до­бро да се ка­же де­ка ние во­оп­што не­ма­ме про­мо­ции и естрад­ни слу­чу­ва­ња. При­чи­на­та не ја гле­дам во тоа, ка­ко што се оправ­ду­ва­ат на­ши­те из­ве­ду­ва­чи, де­ка ин­тер­не­тот е ту­ка, па ги ко­ри­стат не­го­ви­те ус­лу­ги ка­ко нај­до­бри и та­му ги „про­мо­ви­ра­ат“ сво­и­те де­ла, ту­ку единс­тве­но во фа­ктот де­ка си­те са­ка­ат да ста­нат не­кој пре­ку ноќ, без при­тоа да вло­жат не­што – без раз­ли­ка да­ли тоа е дел од се­бе, ма­те­ри­јал­ни средс­тва и сл. Мис­лат де­ка со тоа што ќе го ста­ват сво­е­то ви­део на ин­тер­нет и ќе ги има евен­ту­ал­но на не­кол­ку веб-стра­ни­ци за­вр­ши­ле ра­бо­та. За жал, не е та­ка. Тоа до­а­ѓа исто ка­ко да ре­ши­те да гра­ди­те ку­ќа и да поч­не­те од по­кри­вот – сме­та Тим­ков­ска.

Џунг­ла­та во ме­ди­у­ми­те го рас­ту­ри нор­мал­ни­от тек на на­ста­ни­те што го имав­ме по­ра­но, па на­ши­те естрад­ни лич­но­сти не ус­пе­ва­ат да се снај­дат. Не­ма стра­те­ги­ја, не се ко­ри­стат мо­дер­ни­те од­но­си со јав­но­ста,ед­но­став­но не­ма мо­тив. Ни­кој не ин­ве­сти­ра во нив, па кој има при­ја­те­ли, ва­му-та­му,на­пра­ви не­ко­ја глу­пост или,пак, се соб­ле­че гол мо­же да до­бие не­кој мал текст на пор­та­ли­те, чиј­што пуб­ли­ци­тет трае до об­ја­ву­ва­ње на след­ни­от текст,евен­ту­ал­но цел ден – ана­ли­зи­ра На­ков.

 Суб­вен­ци­и­те – по­мош или са­мо­у­бис­тво?

Суб­вен­ци­и­те за соз­да­ва­ње ма­ке­дон­ска му­зи­ка ги инс­пи­ри­раа ком­по­зи­то­ри­те да ги отво­рат прав­ли­ви­те фи­о­ки. На че­ти­ри­те вла­ди­ни кон­кур­си, кол­ку што ги има­ше до­се­га, се при­ја­ви­ја го­лем број, и тоа не са­мо мла­ди му­зич­ки та­лен­ти што ба­ра­ат шан­са и по­мош, ту­ку и го­ле­ми пе­јач­ки ими­ња кои, ре­ал­но, во тој сте­пен од нив­на­та ка­ри­е­ра би тре­ба­ло да има­ат до­вол­но за­ра­бо­те­но за да не ба­ра­ат од др­жа­ва­та.

Се ла­же­ме ако сме­та­ме де­ка суб­вен­ци­и­те ќе ја по­до­брат ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка. Ко­га ве­ќе др­жа­ва­та ре­ши да им по­мог­не на из­ве­ду­ва­чи­те, пог­лед­не­те са­мо ка­кви пес­ни се пра­ват со па­ри­те до­би­е­ни од суб­вен­ци­и­те. Зву­чат мор­бид­но и од­врат­но. Се пра­ват пес­ни са­мо кол­ку да се зе­мат па­ри­те и тол­ку, а со тоа,всуш­ност,са­ми­те си из­вр­шу­ва­ат са­мо­у­бис­тво – сме­та Спа­со­ски.

Се оди на кван­ти­тет, а не на ква­ли­тет. Ком­по­зи­то­ри­те пра­ват по 4-5 пес­ни за не­кол­ку де­на за да ги лап­нат па­рич­ки­те не вни­ма­вај­ќи на ква­ли­те­тот. Ток­му за­тоа што пес­ни­те се штан­ца­ат се за­гу­би на ква­ли­те­тот на са­ми­те пес­ни, а да не збо­ру­ва­ме за ви­де­о­про­дук­ци­ја­та. „Но­ка­ут“ и Ре­бе­ка имаа 10 па­ти по­до­бри ви­де­ос­по­то­вина­пра­ве­ни пред 15 го­ди­ни откол­ку спо­то­ви­те што се пра­ват де­нес – ве­ли На­ков.

Кол­ку, на­ви­сти­на, се ви­нов­ни ме­ди­у­ми­те?

Пре­ве­ду­ва­ње­то ве­сти за ѕвез­ди­те од ре­ги­о­нов е по­ве­ќе од за­гри­жу­вач­ки. Пор­та­ли­те се на­ко­ти­ја ка­ко глув­ци, а на­ме­сто не­што ори­ги­нал­но, 90 про­цен­ти од нив ко­пи­ра­ат ве­сти за не­бит­ни лич­но­сти за кои, ре­ал­но, во Ма­ке­до­ни­ја не сме ни слуш­на­ле. Но, да­ли е са­мо таа стра­на на при­каз­на­та точ­на?

Се­ка­ко де­ка за та­ква­тасо­стој­ба се ви­нов­ни и ме­ди­у­ми­те, осо­бе­но ра­ди­о­ста­ни­ци­те и те­ле­ви­зи­и­те кои зна­е­ме кол­ку е за­ста­пе­нама­ке­дон­ска­та му­зи­ка и ко­га. Се­ка­де во све­тот ме­ди­у­ми­те ги соз­да­ва­ат ѕвез­ди­те, но кај нас не е та­ка. Ка­же­те ми ед­на ѕвез­да соз­да­де­на во зем­ја­ва во пос­лед­ни­те пет го­ди­ни, освен Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски, кој ста­на ѕвез­да бла­го­да­ре­ние на тоа што учес­тву­ва­ше во ре­ги­о­нал­но му­зич­ко нат­пре­ва­ру­ва­ње. Исто та­ка,твр­дам де­ка има­ме кри­за и кај на­ши­те ком­по­зи­то­ри. Освен пес­ни­те на Та­ма­ра То­дев­ска,ка­же­те ми дру­ги хи­то­ви што ќе оста­нат да се слу­ша­ат и по 10, 20, 30 го­ди­ни? Ед­но­став­но, не по­стои та­кво не­што – ве­ли Спа­со­ски.

– На ТВ-ста­ни­ци­те не­ма­ме шо­уа,ни­ту, пак,му­зич­ки еми­сии ка­де што пе­ја­чи­те би се про­мо­ви­ра­ле. Тур­ски­те се­рии ед­но­став­но го фа­ти­ја при­ма­тот. Нор­мал­но,по­ли­ти­ча­ри­те,истота­ка, ни се мно­гу по­ин­те­рес­ни од пе­ја­чи­те. Спор­ти­сти­те, кои беа на тре­то ме­сто спо­ред но­ви­нар­ски­те пра­ви­ла на по­пу­лар­ност, го за­зе­доа пр­во­то ме­сто кај нас (ако се ла­же­ме де­ка по­ли­ти­ча­ри­те се на вто­ро­то). Пор­та­ли­те „уби­ва­ат“ со ве­сти од свет­ски­те ѕвез­ди, па на­ши­те не мо­жат ни да стиг­нат на ред... ед­но­став­но ни­кој не е тол­ку лу­ци­ден и естрад­но па­ме­тен да се из­бо­ри со оваа ме­ди­ум­ска џунг­ла во ко­ја по­сил­ни­от го ја­де по­ма­ли­от. И со­се­ма за крај,чест на мно­гу , мно­гу ре­тки­те иск­лу­чо­ци ве­ли На­ков.

Не­ка­ко нај­лес­но им е да се­дат до­ма, да не кре­ва­ат те­ле­фон за­тоа што, не­ли, се „ѕвез­ди“ и да плу­ка­ат по ме­ди­у­ми­те кои, ете, би­ле без­о­браз­ни и не им да­ва­ле про­стор. Ме­сто­то во сво­и­те ме­ди­у­ми им го от­ста­пу­ва­ле на „тре­ток­лас­ни“ тур­бо­фол­ке­ри од со­седс­тво­то. Да, мо­же­би е та­ка, но зна­е­те ли вие по­чи­ту­ва­ни „ѕвез­ди“ де­ка тие, да, тие со­се­ди, мо­же­те да ги до­би­е­те во се­кое вре­ме. До­бро про­чи­та­вте! Ете ток­му ту­ка ле­жи и ре­ше­ни­е­то – ко­га тие што се за­ни­ма­ва­ат со пе­е­ње пр­венс­тве­но ќе рас­чи­стат со се­бе и ќе сфа­тат што точ­но са­ка­ат и да­ли на­ви­сти­на са­ка­ат да се за­ни­ма­ва­ат со естра­да (не му­зи­ка, за­тоа што естра­да­та е биз­нис, а му­зи­ка­та е љу­бов) – е то­гаш и ние ќе има­ме ви­стин­ска естра­да. До то­гаш ќе ку­бу­ри­ме со на­ста­ни, про­мо­ции, ал­бу­ми, кон­цер­ти, свир­ки… од до­маш­ни ими­ња – за­вр­шу­ва Тим­ков­ска.

 

Пи­шу­ва: Ма­ри­на Ко­стов­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top