Магазинот „Форбс“ ја објави својата годишна листа на најбогатите луѓе во светот. На прво место, останува Бил Гејтс, кој за последната година го зголемил своето богатство за 3,2 милијарди долари. Милијардерите од технолошкиот сектор, продолжуваат да доминираат на листата.
Погледнете кои се 20-те најбогати луѓе во светот во 2015 година:
20. Сергеј Брин – 29.2 милијарди долари
Тој е еден од основачите на „Гугл“. Во 2014 година Брин изгуби 2,6 милијарди долари од своето богатство.
19. Лари Пејџ – 29.7 милијарди долари
Другиот од основачите на „Гугл“ е на 19-то место. Во 2014 година неговото богатство е намалено за 2,6 милијарди долари.
18. Шелдон Андерсон – 31.4 милијарди долари
Оваа година акциите на „Las Vegas Sands Corp“ се амортизирале за 30%, поради проблеми во Макао, каде компанијата управува со неколку бизниси. Андерсон паѓа за 10 места, надолу на листата.
17. Ли Ка-Шинг – 33,3 милијарди долари
Во последната година неговото богатство е зголемено за 2.3 милијарди долари. Тој е најбогатиот човек во Азија. Претседател е на конгломератот „Hutchison Whampoa“.
16. Марк Цукерберг – 33.4 милијарди долари
Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, последната година го зголемил своето богатсво за 4.9 милијарди долари и се искачува за 5 места нагоре во листата.
15. Џеф Безос – 34.8 милијарди долари
Основачот и CEO на „Amazon“ додал 2,8 милијарди долари кон своето богатство и се искачи за 3 места нагоре во ранг листата за оваа година.
14. Мајкл Блумберг – 35.5 милијарди долари
Поранешниот градоначалник на Њујорк, додал 2,5 милијарди долари кон своето богатство и се качува за 2 места нагоре во ранг листата. Тој е и основач и CEO на Bloomberg LP.
13. Бернар Арно и неговото семејство – 37,2 милијарди долари
Арно и неговото семејство имаат 46% удел во „LVMH Moet Hennessy“, најголемиот производител на луксузни стоки во светот. За последната година тој го зголемил своето богатство за 3.7 милијарди долари и се качува за 2 места нагоре во листата.
12. Семјуел Робсон Волтон – 39.1 милијарди долари
Тој во 2014 година го зголемил своето богатство за 4.9 милијарди долари и се качува за 2 места нагоре во листата. Неговото семејство се основачи на гигантот „Walmart“.
11. Алис Волтон – 39.4 милијарди долари
Уште еден член на фамилијата Волтон. Таа е ќерка на основачот на компанијата, Сем Волтон. Во 2014 година го зголемила своето богатство за 5.1 милијарди долари и се качува за 2 места на ранг листата.
10. Лилијан Бетенкур и нејзиното семејство – 40.1 милијарди долари
Бетенкур е наследничка на „Лореал“ и најбогатата жена во Европа. Нејзиното богатство се зголемува за 5.6 милијарди долари за последната година. Во 2012 година, судот пресуди контролата над нејзиното богатство, да се преземе од нејзината ќерка и внуците. Судскиот спор продолжува.
9. Џим С. Волтон – 40. 6 милијарди долари
Уште еден член на семејството Волтон. Тој е претседател и CEO на Arvest Bank, во сопственост на семејството.
8. Кристи Волтон – 41.7 милијарди долари
Таа го наследува богатството од нејзиниот сопруг Џон Волтон, кој почина во 2005 година. Џон е син на Сем Волтон, основачот на „Walmart“. Во 2014 година Кристи го зголемува своето богатство за 5 милијарди долари.
6. Дејвид Кох – 42.9 милијарди долари
Дејвид и неговиот брат, раководат и се сопственици на„Koch Industries“, една од најголемите приватни компании во светот. Во 2014 година го зголемуваат своето богатство 2.9 милијарди долари и го задржува шестото место.
6. Чарлс Кох – 42.9 милијарди долари
Двајцата браќа ја делат 6-тата позиција.
5. Лари Елисон – 54.3 милијарди долари
Основачот на „Oracle“ (тој дури нема високо образование) ја задржува 5-тата позиција во рангирањето. Во последната година неговото богатство се зголемува за 6.3 милијарди долари.
4. Амансио Ортега Ганоа – 64.5 милијарди долари
Поранешниот претседател на „Inditex“ своето богатство го зголемува за 5 милијарди долари, но паѓа за 1 место во рангирањето.
3. Ворен Бафет – 72.7 милијарди долари
Во 2014 година Бафет заработил 14,5 милијарди долари. Тој е основач на „Berkshire Hathaway“.
2. Карлос Слим – 77.1 милијарди долари
Мексиканецот последната година го зголемил своето богатство за 5.1 милијарди долари. Ја задржува втората позиција на ранг листата.
1. Бил Гејтс – 79.2 милијарди долари
Последната година, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс го зголеми своето богатство со 3,2 милијарди долари и останува најбогатиот човек во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.























