Кривичната пријава за синот на Бранко Црвенковски била продолжение на негативната кампања на ВМРО-ДПМНЕ против лидерот на опозицијата, соопштија денеска од СДСМ.
Денешната информација, која во медиумите ја пласираше политичкото раководство на МВР, дека е поднесена кривична пријава за Љупчо Црвенковски за насилство е уште една приземна епизода од негативната кампања која ВМРО-ДПМНЕ ја води против Бранко Црвенковски. Љупчо Црвенковски на ниту еден начин не учествувал во инцидентот во штипската дискотека, туку бил таму присутен, како што впрочем биле и стотици други млади. Ова е политички мотивирана пријава, што ќе се докаже и во текот на постапката. Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ веќе ништо не е свето и затоа во својата кампања, од бес и за дневно-политички цели, почнаа да ги мешаат и семејствата, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


