Што и да се случи, што и да правите, само немојте да одиграте долга топка.
Кога тоа ќе му се случи на млад играч на тренинг на Арсенал, Арсен Венгер ќе побесни, а и постарите колеги ќе ве критикуваат.
Ова го изјави младиот Германец Томас Ајсфелд кој пред неколку години од Дортмунд пристигна во Арсенал како еден од најталентираните играчи во Европа. Тој не се снајде најдобро во Лондон па преку Фулам се врати во родната земја каде сега настапува за Бохум како позајмен играч.
– Венгер не зборува многу. Понекогаш ќе каже две-три реченици, ќе ви укаже на грешките после тренингот и тоа ќе го запамтите за цел живот. На секој млад играч би му советувал да оди таму. Нивото на работа е многу високo – изјави Ајсфелд.
– Се е дозволено, само една работа не. Никогаш немојте да одиграте долга топка. Тогаш менаџерот едноставно може да „полуди“, а ведаш добивате критики и од постарите соиграчи. Тоа во Арсенал не го трпат – додаде младиот Германец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


