Во прилично остра дипломатска нота филипинското МНР побара Министерството за еднаквост на половите во Јужна Кореја да го запре издавањето лиценци на агенциите за посредување при склучување бракови меѓу девојки од Филипините и кандидати за брак од Јужна Кореја.
Филипините потсетија дека уште во 1990 година во државата е усвоен закон според кој брачното посредување е илегално, а на посредниците им се заканува затворска казна до пет години.
Медиумите во Сеул, соопштувајќи ја веста за протестната нота од Манила, објавија дека исти закони имаат Кина, Камбоџа и Виетнам, но дека годишно најмалку по 2.500 невести од тие држави, со посредување на брачни брокери, склучиле брак во Јужна Кореја.
Филипинскиот протест следува по објавување на неколку извештаи на организациите за заштита на човековите права кои укажуваа дека во двонационалните брачни заедници во Јужна Кореја, склучени со посредување, сопругите многу често биле изложени на малтретирање и третман на луѓе од втор ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Супертајфунот уби 25 лица на Филипините, сега се упатува кон Хонг Конг (ФОТО)
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Бомба експлодираше за време на прослава на Филипини, има загинати и повредени
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор


