| четврток, 6 декември 2018 |

Диего интересен за Астон Вила и за Евертон

Бразилскиот интернационалец Диего би можел на крајот од сезоната да го раскине договорот со турскиот гигант Фенербахче и да се пресели во Премиерлигата.
Како што јавуваат турските медиуми, за услугите на Диего се заинтересирани Астон Вила и Евертон, кои би сакале да го видат во своите редови креативецот од средниот ред.
Шпекулациите ги подгреа и самиот играч, кој изјави дека би можел својата кариера да ја продолжи на островот. Диего во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 7,7 милиони евра, кои не претставуваат проблем за тимовите од „Вила парк“ и од „Гудисон парк“.
Бразилецот во минатото ги носеше дресовите на Атлетико Мадрид, Вердер, Волфсбург, Јувентус, Порто и на Сантош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top