| четврток, 6 декември 2018 |

Март ни носи нов снег на повисоките места – прогноза до крајот на неделата

10862502_10153887983208881_4056492962943561914_o

И утре ќе имаме релативно топло време, но потоа следува продор на значително постуден воздух од север, кој ќе услови нагол пад на температурата. Се очекува променливо време, наутро ќе има мала, а локално до умерена облачност. Навечер, според МЕТЕОПРО очекуваме значително зголемување на облачноста, додека почетокот на врнежите ќе биде во ноќта кон четврток.

В четврток ќе потпаднеме под нова циклонска активност, која ќе услови дождливо време. Значителна количина дожд се очекува во западниот регион, локално и повеќе од 30 литри на квадратен метар. Дождливо ќе биде и во другиот дел од земјата, а, во просек, можеме да очекуваме околу 20 литри наврнат воден талог за 24 часа. На планините, на височина од 1400 метри, се очекува нов снег. Позначителна нова снежна покривка може да се очекува на планините во западниот регион.

Во текот на денот ќе дува умерен, а локално и засилен ветер од југоисточен правец. Ветерот ќе го смени правецот во северен во текот на вечерта.

Температурата в четврток ќе биде значително пониска во однос на среда.

Во ноќта кон петок, локално на повисоките населени места во северниот и западниот регион, дождот постепено ќе преминува во снег и во дожд мешан со снег. Во текот на денот врнежите ќе продолжат, но со значително помал интензитет во однос на четврток. Претпладнето в петок ќе биде подождливо во однос на попладневните часови.

Максималната температура ќе биде во дијапазонот од 6 Целзиусови степени до 9 Целзиусови степени низ котлините, а на повисоките места таа ќе има вредност од 2 Целзиусови степена.

Сабота ќе помине во претежно облачно време со повремени и локални врнежи, кои на повисоките места ќе бидат од снег.

В недела ќе почне периодот на стабилизација на времето. Облачноста значително ќе се намали.

Подетално на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top