| четврток, 6 декември 2018 |

Мартина Стојковска успешно оперирана во Истанбул

Мартина Стојковска е успешно оперирана. Дванаесетгодишното девојче, конечно, е оперирано во болницата „Аџибадем“ во Истанбул. Мајката на Мартина ја пренесе радосната вест на социјалните мрежи, воедно заблагодарувајќи им се на сите што помогнаа девојчето побрзо да замине на операција во Турција.

Според изјавата на мајката, Мартина се чувствува добро, повеќечасовната сложена операција поминала во најдобар ред, а сега е потребен период на заздравување.

На 12-годишното девојче од Струмица му беше откриена сколиоза и ѝ беше потребна хирушка интервенција на ’рбетниот мозок, која чинеше речиси 40.000 евра. Македонците собираа помош за да му помогнат на девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top