Јувентус е на прагот да ја одбрани титулата во Серија А во Италија по ремито, 1-1, против директниот конкурент Рома, а мечот го одбележа прекрасниот погодок од слободен удар на Карлос Тевез. Во отсуство на мајсторот за слободни удари Андреа Пирло, аргентинскиот ас ја презеде одговорноста и направи вистинско ремек-дело во 64. минута.
Ударот беше велемајсторски, а голманот на Рома, Де Санктис воопшто не мрдна од место и само со поглед ја проследи топката во својата мрежа. На слободниот удар му претходеше прекршок за исклучување на Торосидис, но Рома не се откажа од амбициите да остане непоразена во дуелот со шампионот, па Кејта во 78. минута изедначи на 1-1. Рома и со играч помалку напаѓаше во финишот во обид да победи и да ја направи трката за титулата неизвесна, но домаќините немаа сила за уште еден погодок.
Јувентус со ремито ја задржа предноста од девет бода во однос на Рома на 13 кола пред крајот на шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот