Русија денес се простува од убиениот опозициски лидер Борис Немцов. Богослужба почна во 10 часот по локално време, во центарот„Сахаров“. Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација воведе вонредни мерки за безбедност. Околу 200 полицајци, од кои 100 специјалци, се на местото каде што илјадници луѓе се простуваат од Немцов.
Многу политичари, вклучувајќи и од странство, пристигнаа за панихидата. Меѓу нив се претседателот на парламентот во Полска, Богдан Борусевич и градоначалникот на Рига, Нил Ушаков.
Јасно беше дека претседателот Владимир Путин, премиерот Димитриј Медведев и замениците нема да присуствуваат на церемонијата. На погребот не присуствува ниту девојка на Немцов, Ана Дурицкаја, бидејќи таа веќе е на територијата на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.