| четврток, 6 декември 2018 |

Пеце Национале главен гостин на церемонијата во Истанбул (видео)

petar naumoski

Петар Наумоски е специјален гостин на церемонијата што ќе се одржи непосредно пред вечерашниот евролигашки натпревар меѓу Анадолу Ефес и Емпорио Армани, на која турскиот кошаркарски гигант и официјално ќе го повлече дресот на македонскиот ас. „Седумката“ на Наумоски во иднина нема да може да ја носи ниту еден кошаркар што ќе биде дел од Анадолу Ефес, што е најголемо можно признание за актуелниот претседател на МКФ, кој остави силна трага врз овој клуб.

Само за потсетување, Пеце Национале за првпат се пресели во Истанбул во 1992 година, за две сезони подоцна да се пресели во Италија, каде го носеше дресот на Бенетон. Потоа следеше враќање во Ефес Пилсен, при што Наумоски остана дел од овој клуб до 1999 година.

Со Наумоски како свој лидер екипата на Ефес Пилсен стигна до четири шампионски титули и исто толку трофеи во Купот на Турција, а турскиот гигант со Македонецот во своите редови стигна и до единствениот европски трофеј досега во историјата, пехарот во Купот на Радивоје Kорач во 1996 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top