Ренова забележа значајна победа во последниот меч од 18. коло, прво пролетно од домашниот шампионат и тоа со пресврт против Металург. Популарните гипсари го стопија отпорот на металурзите со 3 гола во второто полувреме, откако по првиот дел губеа со 0-1. Поведоа гостите од Скопје со погодокот на Бујчевски во десеттата минута, а потоа имаа и предност од играч повеќе по исклучувањето на Мишковски во 39. минута.
Но, наместо да ја зголемат предноста со фудбалер повеќе, избраниците на Срѓан Захариевски останаа со празни раце. Најпрво во втората минута од судиското продолжение во првиот дел црвен картон доби Ристовски, со што силите на теренот беа израмнети, а потоа предводени од капитенот Изаир Емини, Ренова направи комплетен пресврт за триумф од 3-1. Емини погоди двапати, еднаш прецизен беше Муслиу, доволно за три гола и три бода.
Ренова со 26 бода го прескокна Силекс и се позицонира на четвртото место зад водечкото трио Вардар, Работнички и Шкендија. Металург падна на шестата позиција со 24 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.