Пресудата што се донесува врз основа на признание на вина, а некој за да признае вина треба да му се предочат докази, упатува дека таквата пресуда е несоборлив доказ во однос на другите учесници во овој процес, вели поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков во денешниот „Кворум“ на „Радио Слободна Македонија“.
– Ваквата пресуда, рече тој, ќе влијае на целата постапка и на сè што ќе се утврдува во обвинителската постапка и во претходна постапка во однос на другите лица што учествувале во овој процес – појасни Џиков.
Како државен обвинител тој ја водеше аферата „Големото уво“ и повикувајќи се на неговото досегашно искуство вели дека првата пресуда не е присилна и дека јасно укажува на тоа дека не прислушувале, како што тврди Заев, премиерот и шефот на ДК, туку дека тоа го правела група луѓе и дека тука постои странски фактор.
– Сметам дека во вакви мега-афери во кои е нарушен интегритетот, пред сè, на граѓаните, на македонското општество и на македонската држава, на приватноста на граѓаните, на сите, независно до нивниот статус, проблемот е послоевит, а тоа е презентацијата на лидерот на опозицијата во врска со овие докази на прислушкувани разговори меѓу одредени личности. Овој проблем е повеќе од сериозен и ризичен и за македонската држава и за нејзиниот углед – посочи Џиков.
Тој нагласи дека во овој случај има и е еден меѓународен елемент, а тоа е прислушувани дипломати, што, како што нагласи, е недозволиво.
– Од тоа што веќе и во обвинителска постапка е обезбедено со пресудата, значи дека прислушувањето не е нарачано од државата, од Владата, од министрите, туку според медиумските презентациии и од првичната пресуда за едното лице, тоа е правено во рамки на некоја мала група, која се договарала и тоа било во рамки на нашата држава, па потоа претпоставувам дека се поврзале со странци. Мислам дека луѓето што се споменати во оваа афера се строги професионалци, кои си го знаат занаетот и знаат да работат со таа техника, но не да работат само технички и да прислушуваат, тука да направат една мрежа на луѓе, која, практично, ќе ја обработува Владата и ред други јавни личности – смета Џиков.
Според него, овој случај треба да има правна разрешница, а за опозицијата вели дека направила кардинална грешка. Тоа што го прави Заев и луѓето околу него, смета тој, требаше да го направат во Собранието, во согласност со Уставот и со законот и така ќе покажее дека ги почитуваат.
Излезот од ситуацијата го гледа на враќањето на опозицијата во законодавниот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)