Бразилецот Кутињо од редовите Ливерпул стана ѕвезда на сајтовите за возрасни.
Ливерпул го победи Манчестер Сити во дербито на Премиер лигата со резултат 2-1, а јунак на мечот беше токму Филипе Кутињо. Тој оваа сезона во дресот на Ливерпул игра се подобро и подобро и претставува ударна игла во тимот на Брендон Роџерс.
Победничкиот гол на Кутињо беше вистинско ремек-дело, а неговиот гол веднаш по натпреварот беше поставен на еден сајт за возрасни.
Секако ова е дело на навивачите на Ливерпул, потсетувајќи ги симпатизерите од другата страна дека ваков погодок може да го гледаат само полнолетни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.