| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата трага по жител од Лојане кој застрелал соселанец

Утрово околу 03.20 часот во с.Ваксинце, кумановско, по претходна расправија, Г.И.(32) од с.Лојане, со ловна пушка, сопственост на неговиот татко, испукал два патрони кон А.М.(41) од истото село.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на настанот по што ќе биде поденсен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top