Синоќа на 20 минути по полноќ во угостителски објект во Тетово дошло до расправија по што едно лице извадило пиштол и испукало два куршуми, еден во воздух, а со другиот погодил лице од обезбедувањето.
Настанот се случил во угостителски објект на улица Дервиш Цара во Тетово во објект каде што имало жива музика. Околу 20 минути по полноќ женско лице почнало да крши чаши, при што од страна на обезбедувањето на објектот била отстранета надвор.
Во тој момент лицето И.А. (40) од Мала Речица станал од масата и започнал расправија со обезбедувањето, по што физички ги нападнал, а обезбедувањето и него го остраниле од објектот. Во моментот кога И.А. паднал надвор, извадил пиштол и се доближил до обезбедувањето, по што испукал еден куршум во воздух.
Од обезбедувањето се обиделе да го спречат, но тој испукал и втор куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А., по што тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Тетово, а по укажаната помош бил испратен на домашно лекување.
Од страна на полицијата на лице место биле пронајдени две чаури од испукани куршуми, а од лицето И.А. бил одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар 7.62мм, а тој бил приведен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје